Нетанјаху: Војната во Газа е војна за опстанокот на Израел
- -Воната е тоа: или ние, Израел, или тие, чудовиштата на Хамас, кажа израелскиот премиер за време на церемонијата на Денот на сеќавањето на ридот Херцл, местото на главните воени гробишта во Израел.
Тел Авив, 13 мај 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, кога неговата земја го одбележуваше Денот на сеќавањето, изјави дека војната во Газа е борба за постоењето на Израел.
-Воната е тоа: или ние, Израел, или тие, чудовиштата на Хамас, кажа израелскиот премиер за време на церемонијата на Денот на сеќавањето на ридот Херцл, местото на главните воени гробишта во Израел.
„Или постоење, слобода, безбедност и просперитет, или исчезнување, масакр, силување и потчинување“.
Седум месеци по почетокот на војната во Газа, Нетанјаху кажа дека Израел е „решен да ја добие оваа битка“ и дека непријателот „ќе продолжи да плаќа висока цена за своите злосторства“.
Победата над Хамас значи враќање на сите заложници дома, продолжи израелскиот премиер, а таквата победа би го осигурала „постоењето и иднината“ на Израел.сд/
фото:ЕПА