• сабота, 09 ноември 2024

Несекојдневно запросување на автопат кај Загреб

Несекојдневно запросување на автопат кај Загреб
Загреб, 7 октомври 2022 (МИА) - Иако некои луѓе го претпочитаат „класичниот“ начин на запросување, има и онакви кои сакаат да бидат оригинални, уникатни и сѐ тоа да биде „незаборавно“. Такво запросување, се чини, се случи во Загреб. Иако реши да остане анонимен, начинот на којшто додворувачот ја побара својата девојка за жена, секако не остана незабележан. Имено, човекот решил да го постави големото прашање на три билборда, распоредени крај автопат близу Загреб, адресирани до Марта. На првата порака пишувало само „Марта“. На вториот билборд - „Да, ти Марта“, а последниот вели: „Што мислиш, да се венчаме?“ Не се знае дали Марта кажала „Да“, но сѐ тоа бргу стана интернет-хит што, секако, разнежни многумина.  си/

Остани поврзан