• понеделник, 23 декември 2024

До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор, вели Таравари

До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор, вели Таравари

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

- Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор, рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има. бт/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан