• петок, 28 јуни 2024

Неколку скопски населби денеска без вода

Неколку скопски населби денеска без вода

Скопје, 2 февруари 2023 (МИА) - Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Скупи“ и од населените места Момин Поток и Криви Дол.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект во шахта и штопирање на стара мрежа на улица „Скупи“ бб (во близина на „Мултибренд“).

Исто така, без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисницте од улиците „Аминта Трети“ до „Костурски Херои“ (вклучително Клубот на пратеници и амбулантата Идадија), „Коле Неделковски“, „Златко Шнајдер“ и „Шумадиска“, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бб.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.фф/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан