• понеделник, 23 декември 2024

Неколку мали промени во корист на псичхичкото здравје

Неколку мали промени во корист на псичхичкото здравје

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Постојат одредени мали навики - ситници коишто може поволно да влијаат на човековото псичхичко здравје. Следат седум совети од стручњаците за емотивна благосостојба на умот.

1. Вечера најмалку три часа пред легнување

Вечерањето порано е добро и за варењето и за мирен сон. Советот тука гласи - јадете најмалку три часа пред спиење. Така и нивото инсулин ќе биде складно и најпогодно.

2. Мобилниот телефон подалеку од креветот!

На многумина, паметниот телефон им служи како будилник... Но, можеби „традиционалниот“ будилник е подобра опција, за мобилниот и неговите штетни влијанија да бидат што подалеку од креветот, пишува хрватски „Дневник“.

Исто така, не се препорачуваат одложувања на ѕвонењето, бидејќи тоа само го зголемува стресот наутро.

3. Вежби за дишење при туширање

Утринското туширање е всушност идеален почеток на денот и може да се искористи и како можност за вежби за дишење. Тие се состојат од бавно вдишување и уште побавно издишување. И, останете будни, секако.

4. Почнете го денот барем со кратка прошетка

Според лекарите, човек треба да минува надвор околу два часа дневно. Утрата се тие што го даваат среќниот тон на денот и ноќта. Затоа, се препорачува барем куса прошетка на свеж воздух пред 10 часот. На пр., човекот може да го паркира автомобилот малку подалеку од својата работа или да излезе од јавниот превоз неколку станици порано.

5. Прифатете ги лошите денови наместо да се обидувате да ги свртите

Понекогаш обидите да се сврти лошиот ден се бесмислени и само трошат енергија. Наместо труд и напор „да се поправи“ денот, многу поделотворна е помислата дека не мора постојано да се чувствуваме совршено.

Во ред е понекогаш да се откажат планови и да се каже „не“ на барањата што се поставуваат“. Факт е дека животот е составен од добри и лоши мигови.

6. Вечерна рутина

Ноќните рутини се уште еден мал чекор којшто може да биде корисен за психичкото здравје. На пр., добра навика е и куса медитација близу свеќа, или пак, читање книга пред спиење. Има и други слични обични навики за опуштање.

7. Совршенството не постои!

Можеби ова звучи како клише, но таа е вистината. Мислењето дека можеме да бидеме совршени лесно може да се претвори во опсесија и слабост. Факт е дека никој не е совршен, а и не треба да биде. Колку побрзо човек го прифати тој факт, толку полесно ќе му биде во животот.  си/ссм/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан