• сабота, 23 ноември 2024

Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“

Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“

Палма де Мајорка, 25 мај 2024 (МИА) - Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“, извор на приход за шпанскиот балеарски архипелаг, но и еден вид бариера за нормалниот живот на локалното население.

Марширајќи зад транспарентот „Мајорка не се продава“, демонстрантите поминаа низ центарот на градот.

Организаторите особено ги истакнуваат огромните трошоци за домување на овој медитерански остров, со помалку од милион жители, поради масовниот туризам.

Меѓу поплаките што ги искажаа жителите се зголемениот притисок врз недвижностите, зголемените туристички кирии кои принудија многу жители да ги напуштат центрите на градовите, бучавата и загадувањето на животната средина.

Шпанија, втората најголема туристичка дестинација во светот по Франција, примила 85 милиони странски посетители во 2023 година, според официјалната статистика.

Од овие 85 милиони, 14,4 милиони слетаа на Балеарските Острови, вториот по големина регион во Шпанија во однос на пристигнувањето туристи.

Архипелагот е особено популарен меѓу германските, британските и холандските туристи. паг/

Фото: Јаху


 

 

Остани поврзан