• вторник, 05 ноември 2024

Некои од највеличествените статуи и скулптури низ светот

Некои од највеличествените статуи и скулптури низ светот
Рим, 5 октомври 2022 (МИА) - Статуите и скулптурите се дел од севкупното светско наследство. Секоја статуа е одраз на душата на својот создавач, на народот и нивното време. Многу од нив служат и како инспирација за современите уметници и привлекуваат луѓе од цел свет да им се восхитуваат на нивната убавина и величие. Следат некои од највеличествените и (физички) најголемите уметнички дела низ светот... 1. Камениот „Колос на Апенините“ се наоѓа во Паркот „Пратолино“, во Италија. Тој е висок 11 метри и е поставен во природа, близу градот Фиренца, во средишниот дел на земјата. 2. „Бакнежот на смртта“ е мермерна скулптура на гробот на текстилниот производител Хосеп Лаудет Слер во Барселона, Шпанија. 3. Колосалната статуа на персискиот владетел Шапур Први, висока околу седум метри, се наоѓа близу градот Бишапур, јужен Иран. 4. „Лавот од Луцерн“ во  Швајцарија е врежан директно во ѕидот од песочен камен. 5. Карпестата скулптура на последниот крал на Дакија, Декебал, во Романија е највисокиот карпест релјеф во Европа. Била работена 10 години, завршена е 2004 година. Ова уметничко дело во природата е високо 55 метри и широко 25 метри. 6. „Прекриената Богородица“ е статуа од карара-мермер од италијанскиот скулптор Џовани Страца, изработена во Рим, но наменета и однесена во областа Њуфаундленд, североисточна Канада.     7. Мистериозната „Глава на Буда“ кај древниот град Ајутаја, средишен Тајланд, е поставена меѓу самите корени на едно дрво. 8. „Статуите-глави“ на врвот на планината Немрут во Турција... Се верува дека претходно целите статуи се обезглавени во времето на Иконоборството во 8. и 9. век.  си/

Остани поврзан