• понеделник, 23 декември 2024

Неделен извештај: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет

Неделен извештај: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна, резултатите од испитувањата  одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, објавувајќи го неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во главниот град.

Како што информира претпријатието, анализите се спроведени од Секторот за санитарна контрола во  периодот од 14 до 18 октомври 2024.

За анализата биле земени 202 примерока за физичко-хемиска и 202 примерока за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. хс/дма/

Фото: ЈП Водовод и канализација - Скопје 

Остани поврзан