Неготино ќе пошумува, градоначалничката со апел за учество
- Градоначалничката најави дека во петок ќе се засадат 100 садници „свилен багрем“ - „кинеска мимоза“ со висина од два метра. Предвидено е локацијата да биде споменикот „Манчо Малиминов“, со почеток во 9:30 часот.
Неготино, 11 март 2026 (МИА) - Општина Неготино, преку Оделението за урбанизам и заштита на животната средина, организира акција за пошумување со цел зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина, информираше денеска градоначалничката Марија Нацева.
- Акцијата се реализира во соработка со „Мен енд маунтенс“ (МАМ), организатори на „Генералка викенд“, кои обезбедуваат донација на садници. Како резултат на нашето активно учество, Општина Неготино доби насади што официјално го носат името „Сончева гора“, појасни Нацева.
Градоначалничката најави дека во петок ќе се засадат 100 садници „свилен багрем“ - „кинеска мимоза“ со висина од два метра. Предвидено е локацијата да биде споменикот „Манчо Малиминов“, со почеток во 9:30 часот.
Нацева повика да се земе учество во акцијата и заеднички да се придонесе кон создавање поздрава и позелена животна средина. свд/дма/
Фото: МИА архива