• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Неготино одбележа осум децении постоење на Црвениот крст

Неготино одбележа осум децении постоење на Црвениот крст

Неготино, 27 февруари 2025 (МИА) - Под мотото ,,Ние гледаме луѓе", Неготино вечерва одбележа осум децении постоење на Црвениот крст. Јубилејниот настан го организираше Општинската организација на Црвениот крст, во салата на националната установа, Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев".

Пред присутните беа претставени активностите и иницијативите на Црвениот крст. Беше кажано дека крводарителите од Неготино и Демир Капија со даруваната крв, секогаш се на врвот по хуманост во државата. 

- Личните асистенти како и негувателите веќе неколку години работат со лицата со попреченост, беше кажано на настанот. 

Беше потсетено на многубројните хумани акции и најразлични други видови на активности низ годините. 

Вечерта беше збогатена со музички точки. свд/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан