• недела, 07 јули 2024

Неготино започна со наплата за користење паркинг простор

Неготино започна со наплата за користење паркинг простор
Неготино, 2 септември 2021 (МИА) - Во Неготино почна со наплатувањето за користење паркинг простор, по седуммесечни интензивни активности и откако пред извесно време официјално со работа започна ЈП Паркинзи Неготино, информираа денеска од неготинската локална самоуправа. -Со овој проект се решава деценискиот проблем со паркирањето во градот и се создаваат услови за побезбеден сообраќај. Изминатиот период на повеќе локации во Неготино се делеа информативни флаери во кои беа содржани основните информации за функционирањето на ЈП Паркинзи, погодностите за граѓаните, фирмите и вработените во нив, во делот на користењето и наплатата на паркинг просторот, појаснија од Општината. Оттаму соопштија дека наплатата се одвива со смс пораки и пакети кои можат да се најдат во дел од малопродажната мрежа и во седиштето на претпријатието. -Сите заинтересирани граѓани поблиски информации можат да добијат во седиштето на ЈП Паркинзи во малата сала на СРЦ ,,Младост” во Неготино, информираа од неготинската локална самоуправа.свд/свс

Остани поврзан