• петок, 22 ноември 2024

Невреме во Франција: Кан под вода, училиштата затворени

Невреме во Франција: Кан под вода, училиштата затворени

Париз, 24 септември 2024 (МИА) - Силно невреме предизвика поплави и значителна материјална штета во Кан, Франција, но нема повредени.

Обилните врнежи предизвикаа поплави, а водата продре во подруми, гаражи и продавници. Сите училишта во градот се затворени, пренесува БФМТВ.

Градоначалникот на Кан, Давид Линар, изјави дека не било добиено никакво предупредување ниту од префектурата ниту од националните метеоролошки служби, кои не го предвиделе вчерашното невреме.

Тој на Фејсбук објави дека градските служби на Кан добиле предупредување од државата „еден час по невремето“. Линар потврди дека многу брзо бил воспоставен кризен штаб и дека итните служби работат на санација на штетите на терен. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан