• недела, 22 декември 2024

„Неамериканско“ е ослободувањето од вина на Трамп, смета лидерот на мнозинството во Сенатот

„Неамериканско“ е ослободувањето од вина на Трамп, смета лидерот на мнозинството во Сенатот
Вашингтон, 13 февруари 2021 (МИА) - Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, ја критикуваше денешната одлука на Сенатот за ослободување од обвинение на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, под обвинение за поттикнување на бунт на неговите приврзаници. Тој нагласи дека гласањето е „неамериканско“ и дека се навредуваат патриотите кои ги дадоа своите животи за земјата. - Поранешниот претседател ја инспирираше, насочи и охрабри толпата насилно да спречи мирна транзиција на власта, да ја поткопа волјата на народот и незаконски да го задржи тој претседател на власт, изјави Шумер. - Нема ништо понеамериканско од ова...Ништо, ништо не е понеетичко за нашата демократија, навредувајќи генерации американски патриоти кои дадоа животи да ја одбранат нашата форма на власт, потенцира Шумер. зш/

Остани поврзан