• петок, 17 мај 2024

НБА: Њујорк до крајот на плејофот без повредениот Робинсон

НБА: Њујорк до крајот на плејофот без повредениот Робинсон

 

Њујорк, 8 мај 2024 (МИА) – Центарот на НБА лигашот Њујорк, Мичел Робинсон ќе мора да паузира од шест до осум недели поради повреда на левиот зглоб што значи дека за него практично плејофот е завршен.

Претходно оваа сезона, Робинсон пропушти 49 натпревари поради операција на глуждот. Центарот се врати на паркетот во самиот крај на регуларниот дел од сезоната и учествуваше во плејоф серијата од првото коло во Источната конференција против Филаделфија која Њујорк ја доби со 4:2.

Последниот натпревар што го одигра Робинсон беше во понеделникот во победата над Индијана со 121-117 во првиот натпревар од второто коло од плеј-офот. Во него Робинсон запиша два поени и два скока на своето конто.

Робинсон е третиот клучен играч за Никс кој предвреме ја заврши сезоната поради повреда, по Џулиус Рендл Бојан Богдановиќ. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан