• среда, 24 април 2024

НБА: Адетокунбо го пропушта почетокот на плејофот

НБА: Адетокунбо го пропушта почетокот на плејофот

 

Њујорк, 16 април 2024 (МИА) – Ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокунбо (29) ќе го пропушти почетокот на НБА плејофот против Индијана, поради повреда, јави денеска ЕСПН.

Адетокунбо ги пропушти последните три натпревари од регуларниот дел од сезоната откако се повреди на дуелот против Бостон на 9 април.

И покрај деноноќниот третман, тој нема да биде подготвен за стартот на плеј-офот, но од клубот се надеваат дека сепак ќе игра подоцна во серијата.

Грчкиот кошаркар со нигериски корени ја заврши сезоната со просечни 30,4 поени, 11,5 скокови и 6,5 асистенции.

Милвоки го отвора првото коло од плеј-офот против Индијана в недела на домашен терен. Индијана победи на четири од пет натпревари од регуларниот дел од сезоната против Милвоки. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан