• сабота, 23 ноември 2024

На 7 ноември во Скопје пред амбасадите ќе протестираат пензионерите, кои бараат линеарно зголемување на пензиите

На 7 ноември во Скопје пред амбасадите ќе протестираат пензионерите, кои бараат линеарно зголемување на пензиите

Свети Николе, 26 октомври 2023 (МИА) - Иницијативните одбори на пензионерите, кои протестираат низ градовите во земјава, за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари денеска во Свети Николе се договорија на 7 ноември повторно да излезат на голем протест во Скопје.  Драган Угриновски вели дека сега протестот нема да биде пред Влада, туку пред странските амбасади во земјава. Пензионерите на денешниот координативен состанок  велат дека таму ќе се бара помош и правда за пензионерите со мали примања.

-Денеска се собравме во Свети Николе да одржиме координативна средба со сите иницијативни одбори од државата да се договориме детално за нашиот најавен протест на 7.11.2023 во Скопје, пред амбасадите и пред ЕУ, вели  Угриновски.

Пензионерите не се откажуваат од своите барања, велат до крај ќе се борат за да го добијат статусот кој го заслужуваат. Посочуваат дека и покрај големиот број притисоци остануваат сплотени од цела држава и излегуваат на нов протест. Тие порачаа ако не може да им се покачи пензијата ќе заминат да живеат надовор од државата, оти како што велат со 12 илјади денари не можат да го преживеат месецот. Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите за 5.000 денари. вдј/вг/

 Фото: МИА

Остани поврзан