• понеделник, 23 декември 2024

На Јамајка уапсен политичар од Хаити, осомничен за убиството на претседателот Моиз

На Јамајка уапсен политичар од Хаити, осомничен за убиството на претседателот Моиз
Порт -О- Пренс, 15 јануари 2022 (МИА) - Националната полиција на Хаити денеска соопшти дека поранешниот сенатор Џон Џозеф е уапсен на Јамајка за вмешаност во атентатот на претседателот Џовел Моиз. Портпаролот на полицијата за американските медиуми изјави дека Џозеф се наоѓа во притвор, без да даде други детали за апсењето. Во меѓувреме, началникот на полицијата на Јамајка, Стефани Линдзи, за американските медиуми изјави дека заедно со Џозеф се уапсени и други лица, за кои властите се обидуваат да утврдат дали се членови на неговото семејство. Таа додаде дека сите биле уапсени рано утринава и одби да даде детали. -Од повеќе причини, не можеме да дадеме повеќе информации, рече таа. Џозеф е политичар од Хаити и противник на партијата „Тет Кале“ на убиениот претседател Моиз. Џозеф е второто осомничено лице, кое е уапсено на Јамајка. Кон крајот на октомври таму беше уапсен и поранешниот колумбиски војник Марио Антонио Паласиос, кој неодамна беше екстрадиран од САД и таму го чека уште едно судско рочиште. сд/

Остани поврзан