• сабота, 23 ноември 2024

На Хаити официјално формиран Претседателски преоден совет

На Хаити официјално формиран Претседателски преоден совет

Порт-о-Пренс, 13 април 2024 (МИА) – Претседателскиот совет за транзиција на Хаити вчера е официјално формиран, еден месец по најавата за оставка на спорниот премиер Ариел Анри.

Советот ќе се обиде да воспостави јавен ред и стабилност во земјата погодена од насилството помеѓу криминалните банди.

Мандатот на претседателскиот преоден совет истекува најдоцна на 7 февруари 2026 година.

Советот сè уште не е формално одговорен за водењето на државата, а Анри ќе поднесе оставка по именувањето на новиот премиер.

Хаити десетина години се соочува со кризи, пропратени од хроничната политичка нестабилност. Од крајот на февруари трае вооружен бунт на неколку банди кои се борат за соборување на власта. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан