• сабота, 23 ноември 2024

На Фестивалот „Пеце Атанасовски“ гран при за „Осоговски извор“, а најдобар гајдаџија е Роберт Митров од Радовишко

На Фестивалот „Пеце Атанасовски“ гран при за „Осоговски извор“, а најдобар гајдаџија е Роберт Митров од Радовишко

Прилеп, 2 јули 2023 (МИА) - Изворниот оркестар „Осоговски извор“ од Оризари ја доби Гранпри наградата на 49. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што се одржа во Прилеп и на Рудина, Долнени. Гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени ја доби гајдаџијата Роберт Митров од Фолклорниот ансамбл „Велигденски цветови“ од село Јаргулица, Радовиш.

Жири комисијата на фестивалот составена од професор д-р Родна Величковска, професор д-р Горанчо Ангелов и д-р Стојанче Костов доделија и специјални награди за учесниците од Србија и Бугарија и за исполнители од Македонија. Наградите беа доделени на синоќешната втора, завршна вечер што се одржа на Рудина, Долнени.

На годинашниов Фестивал учествуваа околу 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на Македонија, како и гости од Србија и од Бугарија. 

-Целта ја остваруваме - се негува, се зачувува и се пренесува богатиот изворен мелос на новите генерации. Сѐ повеќе млади ни доаѓаат. На прагот сме на  петтата деценија од одржувањето на Фестивалот и горди сме што даваме придонес во негувањето на богатиот изворен мелос, рече Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот.

Во рамките на Фестивалот, по 13-ти пат се одржа Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, а по четврти пат Симпозиумот за фолклорот во минатото и денес. ем/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан