• вторник, 26 ноември 2024

На УГД Штип серија состаноци со претставници од членките од Европската универзитетска алијанса

На УГД Штип серија состаноци со претставници од членките од Европската универзитетска алијанса

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска и утре ќе се одржат серија состаноци на алијансата „Applied, Connected, Entrepreneurial and Engaged – European University (ACE2-EU)“ - “Addressing Future Challenges – Driving Societal Transformation,” во која Универзитетот учествува како рамноправна членка.

-Алијансата ACE2-EU, беше формирана во декември 2023 година, во седиштето на Политехничкиот Универзитет во Сантерем, Португалија, и во нејзиното формирање учествуваат 9 европски универзитети, и тоа: Политехничкиот универзитет од Сантарем, Португалија; Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од Македонија; Каринтскиот Универзитет за применети науки од Австрија; Универзитетот Константин Бранкуш од Тргу Жиу, Романиja; Технолошкиот универзитет во Каунас, Литванија; Универзитетот Франциско де Виторија од Шпанија, Медицинскиот универзитет од Полска, Летонската академија на културата од Летонија; и Техничкиот универзитет Хошуле Инглоштад од Германија, информираат од УГД „Гоце Делчев“ - Штип. 

Целта на Алијансата, додаваат, е создавање на транснационална алијанса на високообразовни институции со цел да се развие меѓусебна долгорочна институционална структурна и стратешка соработка, заснована на заеднички вредности и принципи, чија крајна цел e да се постигне одржливост во меѓусебната соработка.

-Оваа Алијанса работи на остварување потесна соработка помеѓу универзитети дел од Алијансата, преку размена на знаење и искуства, заеднички истражувања и иновации, остварување на мобилности на сите нивоа, создавање и промовирање на заеднички студиски програми и други активности од делокругот на соработката, коишто се ориентирани кон остварување на извонредност на Универзитетот во делот на науката и образованието, но и поврзување на истиот со општествената заедница во насока на остварување на третата мисија на Универзитетот, се вели во соопштението.

Досега, се одржале два состанока на Алијансата, и тоа во Сантерем, Португалија и во Брисел, Беглија, на кои се развивала соработката и се дефинирале насоките за понатамошната соработка. Состаноците што ќе се одржат на УГД, ќе бидат трети по ред, и идејата на состаноците ќе биде воспоставување на поцврста соработка и вмрежување помеѓу универзитетите во рамките на Алијансата, како и надворзување и дискутирање на досегашните преземени активности и проекти.

Состанокот ќе биде од хибриден карактер, со физичко присуство на дел од учесниците од Алијансата и со онлајн присуство. сст/аа/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан