• петок, 05 декември 2025

На Титов Врв се искачија 350 планинари, дел од одбележувањето 100 години постоење ПК Љуботен

На Титов Врв се искачија 350 планинари, дел од одбележувањето 100 години постоење ПК Љуботен

Тетово, 25 мај 2025 (МИА) - Планинарскиот клуб „Љуботен“ го реализираше традиционалнато мајско искачување до највисокиот шарпланински Титов Врв на 2.747 метри надморска височина. Од 400 пријавени, 350 учесници се искачија и безбедно се вратија назад до почетната точка на Попова Шапка.

Покрај планинари од земјава, имаше учесници од повеќе балкански држави и претставници на дипломатските претставништва. 

- Временските услови не беа целосно наклонети, влажно дождливо и густа магла ги следеше планинарите долж целата патека. За среќа сите што се искачија се вратија безбедно и без повреди, информираше претседателот на ПК Љуботен, Јован Божиноски. 

Во саботата, по повод 100 години постоење на ПК Љуботен имаше изложба и свечено отворање на манифестацијата. ас/бак/

Фото: ПК Љуботен 

Остани поврзан