• понеделник, 04 ноември 2024

На терените на US Open во Њујорк се подига привремена болница

На терените на US Open во Њујорк се подига привремена болница
  Вашингтон, 31 март 2020 (МИА) Дел од Националниот тениски центар каде редовно се одржуваат натпреварите на US Open, ќе биде пренаменет во привремена болница, сe дознава од одлуката на американската Тениска асоцијација (УСТА). -Нема сомнение, спремни сме да помогнеме. Њујорк е наш дом и треба да се обединиме, истакна прес-секретарот на УСТА, Крис Видмаер. Пренаменетиот дел се предвидува да прими 350 болнички метса. Притоа, таму ќе бидат згрижени пациенти без потврден Ковид-19, за да се намали преоптовареноста кај другите инфекциони здравствени установи. Опремувањето на првиот од затворените тенисни кортови ќе започне денеска. Националниот центар за тенис го носи името на американската тениска легенда Били Џин Кинг и го организира US Open од 1978 година. Претходно, Асоцијација на тениските професионалци (АТП), Женската тениска асоцијација (ВТА) и Меѓународата тениска асоцијација (ИТФ) објавија за прекин на сите тениски натпревари до 7 јуни поради пандемијата на коронавирусот. кб/

Остани поврзан