• сабота, 23 ноември 2024

На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу еден час, а на „Богородица“ за излез се чека 30-на минути

На  „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу еден час, а на „Богородица“ за излез се чека 30-на минути

Скопје, 13 август 2023 (МИА) - АМСМ информира дека поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата на граничниот премин (ГП) „Табановце“ е околу еден час, а на преминот „Богородица“ за излез од државата се чека 30-на минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/цр

фото: МИА архива

Остани поврзан