• петок, 22 ноември 2024

На подрачјето на СВР Тетово, 31 казнет возач на мотоцикли 

На подрачјето на СВР Тетово, 31 казнет возач на мотоцикли 

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово вчера од 14.00 до 19.00 часот спровеле акциска контрола на мотоциклисти. При контролата бил санкциониран 31 мотоциклист (ТЕ-22 и ГВ-9).

Од МВР денеска информираа дека најголемиот број од нив (19) не користеле заштитен шлем, односно кацига (ТЕ-14, ГВ-5), девет мотоциклисти (ТЕ-6 и ГВ-3) ги управувале мотоциклите без возачка дозвола, 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) имале истечена осигурителна полиса и 1(ТЕ) истечена регистрација.

- На сите им се изготвени поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции кои, зависно од видот и карактерот на констатираните прекршоци, се движат од 45 евра за некористење кацига до 500 евра во денарска противвредност за нерегистриран мотоцикл подолго време, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, се појаснува во соопштението од МВР. цр/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан