• вторник, 09 јули 2024

На пазарот се појави нов, потенок и полесен „Плејстејшн 5“

На пазарот се појави нов, потенок и полесен „Плејстејшн 5“
Лондон, 27 август 2021 (МИА) - Во Велика Британија се појавуваат слики од понова, потенка и полесна верзија на „Плејстејшн 5“, пишува порталот за видеоигри „Еурогејмер“. Имено, еден од читателите испратил слики од новата конзола со поедноставна завртка за прицврстување на држачот, а самиот уред, според неговите зборови, е и малку полесен. „Сони“, се чини, пуштила нова дигитална верзија на својата конзола без никаква промоција. Таа прво е забележана во Австралија. Оваа нова верзија, полесна за 300 грама, го носи кодот „ЦФИ-1100“. Патем, ова не е невообичаена практика за производителите кои ги менуваат своите уреди со текот на времето.  си/сд/

Остани поврзан