На пазари во Скопје и Тетово запленети пиротехника и режан тутун кои нелегално се продавале
- На Бит Пазар во Скопје повеќе физички лица на импровизирани тезги вршеле недозволена продажба на режан тутун, на Зелен пазар во Скопје пак се одземени околу 180 килограми режан тутун, а голема количина режан тутун и цигари се одземени и од пет физички лица кои вршеле продажба на импровизирани тезги пред зелениот пазар во Тетово, како и кај две лица на пазарот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје.
Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - На Бит Пазар во Скопје повеќе физички лица на импровизирани тезги вршеле недозволена продажба на режан тутун, на Зелен пазар во Скопје пак се одземени околу 180 килограми режан тутун, а голема количина режан тутун и цигари се одземени и од пет физички лица кои вршеле продажба на импровизирани тезги пред зелениот пазар во Тетово, како и кај две лица на пазарот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје.
Како што информираа од МВР, денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за економски криминал и корупција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со царински службеници од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје спровеле мерки и активности за сузбивање на криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки.
- При контролата на Бит Пазар во Скопје констатирано е дека повеќе физички лица на импровизирани тезги вршат недозволена продажба на режан тутун, а со тоа избегнуваат плаќање акциза, како и поголема количина на пиротехнички средства, кои се одземени и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, како и глоби од пазарните инспектори, соопштија од МВР.
Од МВР најавија дека ќе следуваат соодветни поднесоци. цр/лв/
Фото: МВР