• понеделник, 23 декември 2024

На Менди му е одбиена кауцијата, останува во затвор во Ливерпул

На Менди му е одбиена кауцијата, останува во затвор во Ливерпул
Ливерпул, 1 септември 2021 (МИА) - Левиот бек на Манчестер сити, Бенџамин Менди, останува во притвор под обвинение за силување. Судското рочиште за случајот со 27-годишен Французин, кој е обвинет за четирикратно силување, се одржа зад затворени врати. Судот ја одби кауцијата на Менди. По обвинението, Менди беше уапсен и затворен во затворот „HMP Altcourse“ во Ливерпул. На 10 септември, Бенџамин повторно ќе се појави пред „Кралскиот суд“ во Честер. зс/

Остани поврзан