• петок, 22 ноември 2024

На ковид-одделение во Кавадарци почина дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективна

На ковид-одделение во Кавадарци почина дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективна
Кавадарци, 12 ноември 2020 (МИА) - На ковид-одделение во Кавадарци починал дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника. Оваа информација дополнително ја растревожи Тиквешијата, откако претходно ја обзеде жал по 26- и 21-годишните млади кавадарчани. - Точно е дека на ковид-одделението почина лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата, за МИА утрово потврдија од кавадаречката болница. Оттаму ни кажаа дека две лица починале на тоа одделение во изминатите 24 часа, со многу сериозни коморбидитети. Едното на 77, а другото на 74 години. свд/мс/

Остани поврзан