8 јануари 2020 (МИА)
1297.- Франческо Грималди, преоблечен во калуѓер продрел во крепоста Монако која тогаш била под владение на Џенова. Притоа во неа ги пуштил своите војници и истата ја освоил. Тој е основач на династијата Грималди која и денес е на власт во кнежеството Монако.
1324.- Умрел италијанскиот истражувач Маро Поло, најпознат европски средновековен патешественик. Во 1271 година од Венеција на 17-годишна возраст тргнал кон Далечниот Исток. Пропатувал низ Месопотамија, Курдистан, Персија, Туран, Памир, Кинески Туркестан и Монголија и стигнал во Пекинг во 1275 година. Како прв Европеец преминал преку Памир, Туркестан и Монголија. Од 1275 до 1292 година ја пропатувал речиси цела Кина, а на враќањето од 1292 до 1295 година патувал преку Индокина, денешна Индонезија, Сингапур и Индискиот Океан, Персија и Црното Море. Своите патувања ги опишал во „Книга за светските чуда“, објавена во 1298 година, подоцна наречена „Милион“.
1589.- Во Дубровник е роден Иван Гундулиќ, епски, лирски и драмски писател. Напиша многу мелодрами, пасторали и лирски песни од кои многу се загубени. Најпознати негови дела се „Осман“, „Дубравка“, „Аријана“ и други. Умрел во Дубровник, на 8 декември 1638 година.
1642.- Во Фиренца умрел Галилео Галилеј, италијански астроном, еден од најпознатите физичари и астрономи воопшто. Ги проучувал проблемите на механиката, како што се: слободното паѓање, хоризонталниот истрел и други. Го конструирал првиот термоскоп, го открил телескопот, распаѓањето на Млечниот пат, појавата на сончевите дамки и друго. Неговото залагање за системот на Коперник го довело во судир со црквата и во 1616 година инквизицијата донесла решение со кое на Галилео Галилеј му се забранило да ја пропагира тезата дека Сонцето се наоѓа во центарот на светот и дека Земјата се врти околу Сонцето. Роден бил во Пиза, во 1564 година.
1679.- Храбриот француски истражувач Роберт Кавелје де ла Сал ги открил величенствените водопади на Нијагара во САД, кои се меѓу најубавите природни убавини на светот. За три години го поминал целиот тек на реката Мисисипи и од името на Луј Четиринаесетти долината ја прогласил за француски имот. Во бунт на членовите на неговата експедиција бил убиен во 1687 година.
1896.- Умрел францускиот писател Пол Верлен чија поезија е полна со лиризам и музикалност, а која значително влијаела на француските симболисти. Дела: збирките “Романси без зборови“, „Галантни свечености“, „Елегија“, „Мудрост“.
1899.- Роден е цејлонскиот државник Соломон Бандаранаике, основач и водач на Партијата за слобода и претседател на владата на Целјон (сегашна Шри Ланка) од 1956 до 1959 година кога бил убиен во атентат. Се залагал за укинување на странските воени бази, национализација на странскиот капитал и за вонблоковска надворешна политика. По победата на изборите, на функцијата престедател на владата го наследила неговата вдовица Сиримаво.
1923.- Француските и белгиските трупи навлегле во Рурската област обидувајќи се од поразената Германија да изнудат отплата за воените штети во Првата светска војна. Бидејќи кон крајот на 1922 година Репарационата комисија констатирала дека доцни испораката на јаглен на име отштета за Франција и Белгија, францускиот претседател на владата Рејмон Поенкар објавил дека војската ќе ја запоседне областа Рур со што ќе обезбеди ефикасна наплата на воената штета. Кризата договорно била решена во средината на 1924 година, а во јули 1925 година Французите почнале да ги авакуираат трупите од Рур.
1935.- Во Тупело, Мисисипи, се родил американскиот музичар Елвис Присли, „кралот на рокен-ролот“. Бил исклучително популарен во педесеттите и шеесеттите години од 20. век. Продал повеќе од 150 милиони плочи и играл во дваесетина филмови. Умрел во Мемфис, на 16 август 1977 година.
- – Родена е Валја Младенова Балканска, пејачка на народна музика од Бугарија. Во нејзиниот репертоар, претставуван во целиот свет, влегуваат песни како "Шар Планина", "Девојко, бално ли ти е", "Триста са пушки пукнали", "Хајдутине се молеха", "А бре, јуначе лудо и младо", "Горо ле, горо зелена", "Мајчинко, стара мајчинко". Нејзината најпозната изведба на песната "Излегол е Делјо хајдутин" е повод за национална радост во Бугарија, откако во 1977 година нејзин запис е вклучен во Златната плоча, испратена во вселената со двата американски вселенски брода „Војаџер“, кои во 2004 година ги напуштиле пределите на Сончевиот систем.