• среда, 06 ноември 2024
На денешен ден
2 јануари 2020 (МИА) 1799.- Трупите на францускиот генерал Наполеон Бонапарта влегле во Сирија. 1837.- Роден е рускиот композитор, пијанист и диригент Милиј Алексиевич Балакирјев, поттикнувач и идеен водач на композиторската група која е наречена Балакирјев кружок или „Големата петорка“. Во групата членувале Цезар Кјуј, Модест Мусоргски, Николај Римски - Корсаков и Александар Бородин. Дела: симфониските поеми „Русија“, „Тамара“„, музика за „Кралот Лир“, клавирски композиции, вклучувајќи ја и фантазија „Исламеј“.  1939.- Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја снимил првата фотографија на Месечината. 1905.- Русија по поразот во руско-јапонската војна била принудена на Јапонија да и го отстапи пристанишниот град Порт Артур, на манџурскиот брег. 1905.- Над селото Кнежево, Kратовско, почнал Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО што траел до 7-ми јануари истата година. 1920.- Роден е американскиот писател и професор по биохемија Исак Асимов, пишувач на научно-фантастична проза. Научно-популарни дела: „Хемикалиите на животот“, „Ѕвездите и нивните патишта“, „Наука, броевите и јас“. Книжевни дела: „Јас, робот“, „Голо сонце“, „Вселенски струи“, „Крај на вечноста“. 1946.- Македонските политички затвореници од затворот "Касандра" во Грција, упатиле апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: "Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...". 1959.- Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советската „Луна I“ без човечки екипаж. 1971.- Во текот на фудбалскиот натпревар помеѓу Селтик и Ренџерс, во шкотскиот град Глазгов се урнал дел од трибина на стадионот „Ајброкс парк“ при што загинале 66 навивачи. 1988.- Во Скопје умрел д-р Ремон Рубен, професор на Медициснкиот факултет во Скопје и еден од водечките струшњаци во областа на дерматовенерологијата во Македонија. Тој има голема заслуга за основањето и дејноста на Клиниката за кожни и венерични болести на Скопскиот медицински факултет. Роден е во Скопје, во 1911 година. 1993.- Во Белград умрел Михаило Лалиќ, еден од најголемите современи црногорски прозни писатели и академик. Најпознати негови дела се „Свадба“ и „Лелејска гора“. 1995.- Поранешниот претседател на Сомалија Мухамед Сијад Баре, кој на власт дошил со пуч во 1969 година и на ист начин бил отстранет во 1991 година, умрел во бегство во Нигерија. 1999.- Умрел Јордан Конев, еден од доајените на македонското новинарство. Роден бил во Штип, на 12 ноември 1931 година. 2004.- Умрел Александра Рипли, американска писателка, која го напишала контраверзното продолжение на легендарниот роман на Маргарет Мичел „Одвеано со виорот“. Рипли е позната по историските романи за американскиот Југ во 19. век. Во 1991 година го напишала романот „Скарлет“, кој е продолжение на романот „Одвеано со виорот“. Таа е автор и на делата „Чарлстон“, „Напуштајќи го Чарлстон“, „Наследството на Њу Орлеанс“ и други. Родена била во 1934 година. 2013.- Умрел Благоја Дојчиновски – Дојо, истакнат стопанственик кој 13 години беше претседател на Управниот одбор на фондацијата „Милениумски крст“ при Македонската православна црква и имал големи заслуги за изградбата на Милениумскиот крст на Водно во 2002 година. 2016.- На 65-годишна возраст почина пејачката Натали Кол, ќерка на џез легендата Нет Кинг Кол. Таа во 1991 година сними албум „Unforgettable... With Love“, кој е продаден во 14 милиони примероци и освои шест Греми награди. Истоимената песна, виртуелен дует со нејзиниот покоен татко, беше и најголем хит во нејзината кариера. ###

Остани поврзан