• недела, 22 декември 2024

На годишнината од нападот на Хамас, Херцог го повика светот „да го поддржи Израел во борбата против неговите непријатели“

На годишнината од нападот на Хамас, Херцог го повика светот „да го поддржи Израел во борбата против неговите непријатели“

Тел Авив, 7 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Израел, Јицак Херцог, на првата годишнина од невидениот смртоносен напад на палестинската група Хамас на израелска територија, денеска го повика светот „да го поддржи Израел во борбата против неговите непријатели“, пренесуваат француските медиуми.

„7 октомври 2023 година остава белег на човештвото, белег на лицето на Земјата и светот мора да го сфати и разбере ова за да го промени текот на историјата“, рече Херцог во изјавата објавена од неговата прес канцеларија.

„За мир и подобра иднина на регионот, светот мора да го поддржи Израел во неговата борба против неговите непријатели“, се додава во изјавата на Херцог.

Тој денеска ќе претседава со комеморативната церемонија во Сдерот, еден од градовите најтешко погодени од крвавиот напад на Хамас, јавија претходно француските медиуми.

Во нападот на палестинските милитанти, што ја поттикна војната во Појасот Газа, а потоа и воените дејствија во Либан, Во Израел беа убиени над 1.200 лица, а 251 беа земени како заложници.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан