• среда, 27 ноември 2024

На Богородица за излез од државата се чека до 20 минути

На Богородица за излез од државата се чека до 20 минути
Скопје, 26 јуни 2022 (МИА) - На граничниот премин Богородица, за излез од државата чекањето е 15-20 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државни патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/аа/

Тагови

Остани поврзан