• вторник, 02 јули 2024

На „Битфест“ ликовна изложба од авторот Владимир Илиевски

На „Битфест“ ликовна изложба од авторот Владимир Илиевски

Битола, 29 август 2022 (МИА)Во рамки на Битолско културно лето „БитФест“ вечер во Офицерски дом ќе биде отворена ликовната изложба „Исчезнување“ на авторот Владимир Илиевски.

Илиевски во изминатите 10 години реализирал 14 самостојни изложби во Скопје, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград, Бугарија и Нови Сад.

Учествувал на повеќе ликовни колонии и групни изложби во земјава и странство, автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица.

Од Општина Битола, домаќин и организатор на изложбата „Исчезнување“, посочуваат дека  авторот Илиевски е добитник на 7 национални награди и членува во ДЛУМ и  ДЛУБ.

По отворањето на изложбата, во Офицерски дом ќе се одржи концерт на кој програма ќе изведат членовите на Камерниот хор „Одјек“ од  Пожаревац, Србија. мт/мд/

Остани поврзан