На автопат Куманово - Скопје - Велес изречени 97 казни за брзо возење
- На автопатот Куманово - Скопје - Велес денеска во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкциони
Скопје, 6 јануари 2022 (МИА) - На автопатот Куманово - Скопје - Велес денеска во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 97 возачи.
- Од нив, 21 возило се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопштија денеска од МВР. цр/вг/