• петок, 22 ноември 2024

Најубавите машки познати лица според науката

Најубавите машки познати лица според науката
Лос Анџелес, 9 февруари 2022 (МИА) - Дефиниција за совршенство не постои, особено кога станува збор за убавина. Но, уште од древните времиња постои „формула“ за пресметување - колку нечие лице е идеално, со чија помош откривме и кои познати „убавици“ и „убавци“ имаат најпропорционални лица. [caption id="attachment_1025832" align="aligncenter" width="675"] Идрис Елба[/caption] Старите Грци ја припишувале убавината и привлечноста на лицето на концептот на „златниот пресек“ - математичка константа (фи) еднаква на приближно 1,61, којашто ја користеле многу уметници за да постигнат рамнотежа во нивните дела - најчесто скулптури и слики. За да ја провери релевантноста на оваа формула денес, познатиот естетски хирург Џулијан де Силва, ја спореди со познати мажи и ги сподели десетте кои, судејќи по оваа мерка, се најубави.

Така, мажот со најсовршено лице и оценка од 92,15 отсто е глумецот Роберт Патинсон, можеби најпознат по улогата во серијалот филмови „Самрак“. - Тој е прв во сите категории поради изразените црти на лицето и убаво обликуваната вилица, смета докторот.

[caption id="attachment_1675313" align="aligncenter" width="539"]Хенри Кавил Хенри Кавил[/caption]

На второ место е Хенри Кавил, со коефициент на убавина од 91,64 отсто. Трет е Бредли Купер со 91,8 отсто, а веднаш под него со 90,51 отсто е Бред Пит.

Следуваат Џорџ Клуни со 89,91 отсто, Хју Џекмен со 89,64 отсто, Дејвид Бекам со 88,96 отсто, Идрис Елба со 88,01 отсто, Кање Вест со 87,94 отсто и на последното, 10. место - Рајан Гослинг со 87,48 отсто.

[caption id="attachment_297963" align="aligncenter" width="640"]Кање Вест Кање Вест[/caption]

Златниот пресек го користеле многу уметници, како што се Леонардо да Винчи, Микеланџело, Ботичели и Салвадор Дали.

[caption id="attachment_1675310" align="alignleft" width="989"]Рајан Гослинг Рајан Гослинг[/caption]

Остани поврзан