• недела, 08 март 2026

Најстудено во Берово -3 степени, преку ден до 17 степени и можен слаб дожд

Најстудено во Берово -3 степени, преку ден до 17 степени и можен слаб дожд

Скопје, 8 март 2026 (МИА) - Најстудено утринава било во Берово каде се измерени -3 Целзиусови степени, нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица, Mаврови Анови и Попова Шапка, 1 во Штип, 2 во Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Kрушево, Велес и Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, а максималната утринска температура од 4 степени е измерена во Виница, Демир Капија и Гевгелија.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека снежната покривка на Попова Шапка денеска изнесува 67 сантиметри. 

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан