• вторник, 26 ноември 2024

Најстарата, речиси целосна, хебрејска Библија продадена за 38,1 милион долари

Најстарата, речиси целосна, хебрејска Библија продадена за 38,1 милион долари

Њујорк, 18 мај 2023 (МИА) - Хебрејска илјадагодишна Библија, најстарата за која се знае дека е речиси завршена, денеска е продадена на аукција во „Сотби“ во Њујорк, САД, за рекордна сума од рекордни 38,1 милион долари и ќе биде подарена на Музејот на еврејскиот народ во Тел Авив, Израел.

Книгата „Сасун кодекс“, именувана по нејзиниот најпознат сопственик, Давид Соломон Сасун, ја купи поранешниот американски амбасадор и филантроп Алфред Мозес и неговото семејство.

По наддавањето, „Сотби“ објави дека купувањето е направено „за добробит на американските пријатели на Музејот на еврејскиот народ“ и дека е посебно наменета за оваа институција.  си/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан