• петок, 22 ноември 2024

Најскапата карта на „Луфтханза“ чини 22.700 евра

Најскапата карта на „Луфтханза“ чини 22.700 евра
Франкфурт, 20 мај 2022 (МИА) - Билет во двонасочна насока, во прва класа од Сан Франциско до Франкфурт во мигов е најскапиот продаден од германската „Луфтханза“ - за неверојатни 24.000 долари (22.700 евра), соопшти шефот на авиокомпанијата, додавајќи дека местата за неа постојано се распродаваат. Карстен Шпор, извршен директор на „Дојче Луфтханза АГ“, ја наведува „астрономската“ цена како пример за тоа како авиокомпанијата закрепнува од пандемијата побрзо од очекуваното. Тоа особено оди многу добро на линиите до и од Северна Америка. Според Шпор, авиокомпанијата го зголемила бројот на дестинации во и од САД на 25 линии - повеќе отколку пред Ковид-кризата. Сега за воздухопловната индустрија како целина, нагласува тој, нагласката е на подобрување на доверливоста и точноста што беа погодени поради недостигот на персонал.  си/

Остани поврзан