• недела, 22 декември 2024

Најновиот чип за вештачка интелигенција на Нвидиа ќе чини од 30.000 до 40.000 долари

Најновиот чип за вештачка интелигенција на Нвидиа ќе чини од 30.000 до 40.000 долари

Њујорк, 19 март 2024 (МИА)- Американскиот производител на компјутерски чипови Нвидиа денеска соопшти дека следната генерација графички процесор со вештачка интелигенција (ВИ), наречен Blackwell, ќе чини помеѓу 30.000 и 40.000 долари по единица.

Извршниот директор Џенсен Хуанг процени дека Нвидиа потрошила околу 10 милијарди долари на трошоци за истражување и развој за споменатите чипови, јави Си-Ен-Би-Си. За чипот најверојатно ќе има голема побарувачка за софтвери за вештачка интелигенција како што е ChatGPT.

Новиот графички процесор ќе има цена во сличен опсег на неговиот претходник, H100, кој чини помеѓу 25.000 и 40.000 долари по чип.

Генерацијата „Hopper“ беше претставена во 2022 година и беше значително поскапа од претходната генерација на чипови со вештачка интелигенција на Нвидиа.

Американскиот производител на чипови најавува нова генерација чипови со вештачка интелигенција приближно на секои две години, а најновите, како оние на Блеквел, се побрзи и енергетски поефикасни, се комбинација од два чипови и се физички поголеми од претходната генерација. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан