• вторник, 07 јануари 2025

Најмасовна Бадникова поворка на Широк сокак во Битола

Најмасовна Бадникова поворка на Широк сокак во Битола

Битола, 6 јануари 2025 (МИА)-Над пет илјади учесници со Божиќни ѕвезди во рацете на Широк сокак во Битола го најавија големиот христијански празник, Христовото раѓање Божиќ.

Бадниковата поворка од Широк сокак до Офицерски дом предводена од градоначалникот Тони Коњановски, покровител на манифестацијата беше полна со искреност и љубов, изјави за МИА, Јасна Николовска, организатор на манифестацијата.

-Низ годините покажавме дека организираме најмасовна поворка на која секогаш и овој пат дечињата порачаа дека по љубовта препознаваат дека сме Христови. Сакаме мир, сакаме љубов, сакаме да нема нетрпеливост и да има простувања. Прекрасен беше овој ден во Битола, истакна Николовска.

Во рамки на програмата пред Офицерски дом настапија црковниот хор Свети Спилијан и деца учесници на Бадниковата поворка. мт/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан