• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 60 луѓе загинаа при уривање на висечки мост во Индија

Најмалку 60 луѓе загинаа при уривање на висечки мост во Индија
Њу Делхи, 30 октомври 2022 (МИА) - Најмалку 60 луѓе загинаа, а голем број се повредени кога се урна мост во река во западната индиска држава Гуџарат. Властите соопштија дека стотици луѓе паднале во реката. Мост од 19 век се урна во реката Мачу во округот Морби. Мостот беше затворен поради реновирање речиси шест месеци, а повторно беше отворен пред само четири дена. Засега нема информации колку луѓе имало на мостот што е позната туристичка атракција. Потврдено е дека загинале 60 лица, а 17 се хоспитализирани. Спасувачите се уште се на терен во потрага по преживеани. Повеќето од луѓето на мостот биле тинејџери, жени и постари луѓе. зш/

Остани поврзан