• недела, 30 јуни 2024

Најмалку 55 загинати и 155 ранети лица во судир меѓу два клана во Сомалија

Најмалку 55 загинати и 155 ранети лица во судир меѓу два клана во Сомалија

Могадишу, 10 јуни 2024 (МИА) - Најмалку 55 лица загинаа, а 155 се ранети во конфликт меѓу два сомалиски клана во градовите Абудвак и Херале во регионот Галмудуг, соопштија денеска здравствените власти.

Конфликтот меѓу клановите Дир и Марихан, кои претходно заедно се бореа против групата Ал Шабаб поврзана со терористичката група Ал Каеда, избувна во саботата поради спор околу пасиштата и местата за наводнување, изјави жител на Херала, пренесоа британските медиуми.

Тој рече дека државните сили пристигнале доцна и дека ситуацијата излегла од контрола. Конфликтот заврши откако армијата пристигна, изјавија локалните жители. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан