• недела, 22 декември 2024

Најмалку 51 војник убиен од заседа на северот на Буркина Фасо

Најмалку 51 војник убиен од заседа на северот на Буркина Фасо

 Оугадогу, 20 февруари 2023 (МИА) - Најмалку 51 војник на Буркина Фасо загинаа во последниот пријавен инцидент во северниот регион на оваа немирна западноафриканска земја, која е цел на континуирани џихадистички напади, соопшти денеска армијата.

Британските медиуми јавуваат дека војниците биле убиени во петокот, кога нивната единица била нападната од заседа.

Првично пријавениот број на загинати од осум е ревидиран откако беа пронајдени уште 43 тела, се наведува во соопштението на армијата.

Војниците биле нападнати во провинцијата Оудалан, во регионот Сахел во Буркина Фасо, кој ја дели границата со Мали.

Војската не обвини никого директно за нападот, но истакна дека „околу 160 терористи биле убиени во контраофанзивен воздушен напад“. сд/

Остани поврзан