• недела, 22 декември 2024

Најмалку 33 лица загинаа при уривање зграда во Камерун

Најмалку 33 лица загинаа при уривање зграда во Камерун

Најроби, 24 јули 2023 (МИА) - Најмалку 33 лица загинаа при уривање на четирикатница во најголемиот град во Камерун, Дуала.

Министерката за градежништво на оваа западноафриканска земја, Селестин Кеча Куртес, денеска ја потврди оваа информација.

Таа рече дека зградата се урнала врз помала куќа рано во неделата.

Спасувачката работа се уште е во тек, а се стравува дека може да има уште луѓе под урнатините.

Причината за уривањето на зградата е непозната.

Според експертите, сепак, може да биде непочитување на градежните прописи. Слични несреќи често се случуваат во брзорастечките градови во Африка. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан