• петок, 05 декември 2025

Најмалку 29 повредени во руски напад со дронови врз Запорожје

Најмалку 29 повредени во руски напад со дронови врз Запорожје

Киев, 2 мај 2025 (МИА) - Најмалку 29 лица се повредени во руски напад со беспилотни летала врз украинскиот град Запорожје, а гувернерот на регионот, Иван Федоров, ги обвини руските сили дека гаѓале цивилни објекти.

„Станбени згради, универзитет и инфраструктурен објект се оштетени“, напиша утринава  Федоров на комуникациската платформа Телеграм.

Украинските воздухопловни сили регистрираа дополнителни штети во ноќните напади со беспилотни летала во регионите Донецк и Дњепропетровск.

Украинските противвоздушни сили соопштија дека Русија лансирала околу 150 беспилотни летала, од кои повеќето биле пресретнати од украинската одбрана.

Од друга страна, во текот на ноќта Украина изврши голем напад со беспилотни летала на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија.

Руските медиуми и локалните жители објавија аларм за противвоздушна стрелба и експлозии во близина на воздухопловните бази, особено околу пристанишниот град Севастопол, каде што сирените за воздушен напад се слушаа неколку пати во текот на ноќта.

Детали за евентуални штети засега не се соопштуваат.

Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека пресретнало 121 украински беспилотни летала, вклучувајќи 89 над Крим.

Иако овие бројки не можат да бидат независно потврдени, тие укажуваат на значителен интензитет на нападите од двете страни.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан