• вторник, 13 јануари 2026

Најмалку 25 повредени во ракетниот напад врз станбена зграда во Харков

Најмалку 25 повредени во ракетниот напад врз станбена зграда во Харков

Харков, 2 јануари 2026 (МИА) – Во руски ракетен напад денеска е погодена повеќекатна зграда во украинскиот град Харков, при што беа повредени најмалку 25 лица.

„Ракетните напади во центарот на Харков речиси целосно уништија петкатна зграда“, изјави регионалниот гувернер Олег Синиехубов за украинската телевизија. 

Според прелиминарните информации, зградата била погодена од две балистички ракети, додаде тој.

„Спасувачките екипи се на лице место. Тие првенствено ги расчистуваат урнатините и бараат луѓе заробени под нив.“

Синиехубов рече дека најмалку 25 лица се повредени, од кои 16 се во болница, вклучувајќи жена во критична состојба.

Градоначалникот Игор Терехов претходнио зборуваше за 30 повредени.

Харков, вториот по големина украински град, се наоѓа само триесет километри од границата со Русија, па затоа беше една од главните цели на почетокот на руската инвазија.

Украина го бранеше градот, но тој сè уште е честа цел на руските воздушни напади.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан