• петок, 05 декември 2025

Најмалку 19 мртви при превртување на брод на езерото Маи-Ндомбе во ДР Конго

Најмалку 19 мртви при превртување на брод на езерото Маи-Ндомбе во ДР Конго

Гома, 29 ноември 2025 (МИА) - Најмалку 19 лица загинаа кога силни ветрови превртеле брод во езерото Маи-Ндомбе, во ДР Конго, објави гувернерот на покраината Маи-Ндомбе.

Бродот синоќа се движел од селото Кири кон Киншаса, наведуваат локалните власти, кога еден од неговите два мотора откажал поради бурни ветрови, што предизвикало негово превртување, јавија британските медиуми.

Во потрагата биле пронајдени телата на 19 патници од бродот, додека 82 патници преживеаа, изјави гувернерот Нкосо Кевани Лебон.

Бројот на исчезнати лица засега не е познат.

Локалниот функционер Фреди Бонзеке Илики процени дека на бродот имало најмалку 200 лица и рече дека потрагата по телата сè уште е во тек.

Тој истакна дека честопати се покажува дека не се почитуваат прописите за тежина и максимален број на патници и додаде дека претходниот предлог за забрана на импровизирани дрвени чамци на езерото не е спроведен.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан