Најмалку 11 загинати при превртување на чамец близу Порторико
- Досега, спасени се 31 лице, соопштија локалните власти
Сан Хуан, 13 мај 2022 (МИА) - Најмалку 11 лица загинаа при превртување на чамец со мигранти, северно од ненаселениот остров Десечео, близу западниот брег на Порторико.
- Досега, спасени се 31 лице, соопштија локалните власти.
Не се знае колку луѓе биле во чамецот, а меѓу спасените се 20 машки и 11 женски лица.
Хеликоптер на американската царина и гранична полиција забележал превртен чамец и набргу почнала акцијата за спасување.
Најмалку осум Хаиќани се во болница, не се знае националноста на останатите лица во чамецот.
Во регионот, мигранти од Хаити и од Доминиканската Република бегаат од насилството и сиромаштијата во своите држави.
Американската крајбрежна стража и доминиканската морнарица во саботата спасија 68 мигранти во преминот Мона, подрачје меѓу Порторико и Доминиканската Република. бд/ми/