• среда, 03 јули 2024

Најмалку 11 загинати при превртување на траект во Индонезија

Најмалку 11 загинати при превртување на траект во Индонезија

Џакарта, 28 април 2023 (МИА) - Најмалку 11 лица загинаа, а едно се води како исчезнато по превртување на траект во близина на источниот брег на индонезискиот остров Суматра, соопшти денеска националната агенција за пребарување и спасување.

Фериботот превезувал околу 74 луѓе до малиот остров Танјунг Пинанг во близина на соседен Сингапур и се сомнева дека удрил во балван околу 30 минути откако испловил, соопштија официјални лица.

Во тек е потрага по едно лице кое се уште се води како исчезнато, соопштија од спасувачката служба и додаваат дека се уште добиваат дојави од очевидци. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан