• петок, 22 ноември 2024

Најмалку 11 загинати во напад на џихадисти во Сирија

Најмалку 11 загинати во напад на џихадисти во Сирија

Бејрут, 25 март 2024 (МИА) – Најмалку 11 собирачи на тартуфи беа убиени во напад што и се припишува на џихадистичката група Исламска држава во сириската пустина која порано беше нејзино упориште, соопшти невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права.

Припадниците на Исламска држава поставиле мина која експлодирала кога поминувале возила со собирачи на тартуфи. Нападот се случил во пустината на провинцијата Рака во северна Сирија, соопшти Опсерваторијата.

Џихадистите киднапирале уште три лица.

Исламската држава, која контролира големи делови од територијата во Сирија од 2014 година, беше поразена во март 2019 година во воени операции од меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД која е сојузничка со курдските сили.

Многу џихадисти потоа се повлекоа во сириската пустина, оставајќи зад себе бројни мини во областа.

Сириската пустина е позната по своите тартуфи, наводно меѓу најдобрите во светот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан